Лука Стојановиќ од Чукарички денеска беше стрелец на најубавиот гол во српското првенство. Иако неговиот Чукарички загуби од Црвена ѕвезда, погодокот од половина терен со кој Стојановиќ го изненади голманот Милан Борјан, беше потег на мечот, веројатно и на сезоната во лигата на нашиот северен сосед.
Стојановиќ е дете на Партизан, клуб од кој си замина кога наполни 18 години, а сега има 25. Виде дека Борјан е излезен и упати шут од огромна далечина, кој за негова среќа заврши на вистинското место.
Погледнете го голот од центарот на „Рајко Митиќ“ кој го прими најдобриот тим во Србија: