Манчестер сити и Ливерпул играат 1:1 по првото полувреме во дербито од Премиер лигата. Гостите поведоа со голот на Мо Салах од пенал во 13 минута, а одговорот на домаќините стигна многу брзо. Во 31 минута, Сити направи одлична акција која со гол ја круниса Габриел Жезус.
Пред да биде постигнат голот, граѓаните имаа дури 19 додавања, а на крајот Бразилецот реализираше. Во последниве три години не се случило некој тим да му даде гол на Ливерпул, а претходно да има 19 додавања како Сити што направи денес во дербито.
Во 42 минута, Сити имаше шанси да постигне и втор гол, откако беше досуден пенал за домаќините. Сепак, Кевин де Брујне наместо во голот шутираше многу непрецизно и воопшто не ги погоди рамките од голот, па остана 1:1 по првите 45 минути.