Голот на Торино во 94-тата минута донесе повеќе од 3.000 евра добивка во Гостивар (Фото)

Викендов беше исполнет со доста добитни тикети меѓу обложувачите, а меѓу нив е и тој што е уплатен во објект на Sport Life во Гостивар и кој донесе бруто-добивка од 225.663 денари со вложени 300 денари. Нето-добивката изнесува 191.859 денари.

На тикетот се одиграни осум меча на фаворити кои играа во неделата и на кои е одиграно класично, победа и „полувреме-крај“ на фаворитите, а вкупната квота изнесува 737.

На три натпревари е одиграно само конечен тип во кој се бара триумф на домаќините и на два меча, Интер – Фиорентина, кој заврши 4:0 и Лил – Монпелје, кој заврши 1:0, но со гол постигнат уште во втората минута немаше проблеми, но гостиварецот имал голема доза на среќа на третиот меч.

Торино пред своите гледачи ја совлада Џенова, но голот вреден три бода беше постигнат во четвртата минута од судиското продолжение и му донесе околу 3.500 евра добивка на гостиварецот.

Сигурни победи „кец во кец“ и „два во два“ остварија Ливерпул против Астон вила (3:0), Бешикташ против Сиваспор (2:0), како и фаворитите кои играа како гости, Барселона против Осасуна (2:1), Јувентус против Емполи (2:0) како и Твенте против Волендам (2:0).

ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ ДОНЕСОА ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО КАРПОШ

Во објект на Sport Life во Карпош, тикет уплатен уште на први септември донесе бруто-добивка од 111.579 денари. На тикетот кој е уплатен за 100 се одиграни 11 натпревари со разни игри на голови, еден од двата тима да даде барем два гола, да има голови и во прво и во второ полувреме како и популарната игра ГГ3+.

Среќата го послужила обложувачот уште на двата натпревари кои се играа во петокот, Лутон – Вест хем и Рома – Милан. На мечот од Премиер лигата, обложувачот одиграл дека Вест хем ќе постигне два гола, а Чеканите до победата од 1:2 дојдоа во 85-та минута со голот на Курт Зума.

На дербито во Серија А е одиграно ГГ3+, Милан својата работа си ја заврши на време, но Рома дури во судиското продолжение, во 92-рата минута постигна гол за 1:2.
Фортуната беше на страната на обложувачот и во саботата на мечот од Премиер лигата меѓу Брентфорд и Борнмут (2:2). Тој одиграл дека домашниот тим ќе постигне два гола на мечот, но за такво нешто чекаше дури до 93-тата минута, кога Мбеумо го израмни резултатот.

Тотенхем без проблеми постигна два гола во победата (5:2) над Барнли, а мечот на Манчестер сити – Фулам беа постигнати шест (5:1) и беа распределени за да му донесат добивка на обложувачот. Тој одиграл дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме и Граѓаните му ја исполнија желбата, првото полувреме го добија со 2:1, а во второто дадоа уште три гола и му донесоа нето-добивка на обложувачот од 94.857 денари.

ВО ГОСТИВАР СО КЛАСИЧНА ИГРА ДО ЌАР ОД 100.000 ДЕНАРИ

Гостиварец со уплата од 150 денари на тикет на кој имаше 13 натпревари, си доби 123.428 денари бруто.

Обложувачот имал голема среќа бидејќи чекал победи на Барселона, Динамо Загреб, Партизан. Роберт Левандовски во 85-тата минута постигна гол за триумф на Барселона во гостувањето кај Осасуна, но многу подраматично беше на Балканот.

Прво Партизан направи неверојатен пресврт на гостувањето кај ИМТ бидејќи во 90-тата минута губеше со 2:1. Но, прво Натхо во 91-вата минута од пенал израмни на 2:2, а потоа во 95-та минута Николиќ постигна гол за победа на Црно-белите.

Уште подраматично беше во Осијек, каде што Динамо Загреб славеше со 2:3 со два пенали во последните минути од мечот. Прво Бруно Петковиќ во 87-мата минута од пенал израми на 2:2, а истиот играч во 99-тата минута повторно шутираше пенал и погоди за победа од 3:2 на Динамо Загреб.

На сите три добитни тикети има дополнителена добивка која е благодарение на Фибоначи бонусот кој е активен во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести