Мохамед Салах го постигна првиот гол за Ливерпул во победата над Астон вила, а тоа за него беше 250-ти во дресот на „црвените“. Репрезентативецот на Египет пристигна на „Енфилд роуд“ во 2017 година за 39 милиони евра од Рома, па за осум години стана само третиот фудбалер во историјата на Ливерпул кој дошол до најмалку 250 гола во црвениот дрес.
На вечната клупска листа повеќе голови имаат постигнати само Јан Раш (346) и Роџер Хант (285).
250 and counting… 📈⚽️ pic.twitter.com/qqKjj9QudF
— Liverpool FC (@LFC) November 2, 2025

