Голот против Ренџерс на Миовски му донесе место во Тимот на колото во Шкотска

Бојан Миовски одигра уште еден одличен меч во дресот на Абердин и е најзаслужен што неговиот тим на домашен терен одигра 1:1 против фаворизираниот Глазгов ренџерс.

Македонскиот репрезентативец погоди во 11-тата минута, кога упати неодбранлив удар од работ на шеснаесетникот. Ова беше трет гол за Миовски во дуелите со легендарниот шкотски клуб, а може да го видите ТУКА.

Малку фалеше Абердин за победи со голот на Миовски, но Ренџерс се спаси од пораз со гол во 90+4 минута.

Благодарение на добрата игра против Ренџерс, Миовски заслужено доби место во Тимот на колото во изборот на британскиот „Скај спортс“.

- Оглас -

Најнови вести