1006 Кристал палас – Саутхемптон (20.30 часот)
Палас во неделата го совлада Евертон и има прилика да врзе две победи по ред, со што би се стабилизирал во средината на премиеригашката табела. Саутхемптон е во криза, одамна нема победа (од 5 ноември), а има три бода помалку од Кристал палас. На последните седум меча на Кристал палас на домашен терен, имаше 2-4 гола, но на последните четири гостувања на Саутхемптон на „Селхурст парк“ се играше неефикасно, со 0-2 гола. Уште од 2008 година не било нерешено во нивните пресметки во Лондон.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.03)
1806 Аугсбург – Лајпциг (20.30 часот)
Аугсбург е многу непредвидлив тим кој може да загуби од секого, но со победата над Баерн пред четири кола покажа дека може и да совлада секого во Бундеслигата. Баварскиот тим се бори за опстанок и добро би му дошле три бода, но Лајпциг има нов тренер и можеби ќе тргне во победничка серија, откако во минатото коло со 4-1 ја победи Борусија од Менхенгладбах. Црвените бикови се фаворити во мечот на кој според статистичките показатели, би требало да има 2-4 гола. Иако имаат многу повредени, двата тима победија во минатото коло. Аугсбург четири години не знае за триумф над Лајпциг.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.96)
1807 Баер Леверкузен – Хофенхајм (20.30 часот)
Ова е дерби на денот во Бундеслигата, Баер е трети, а Хофенхајм четврти на табелата и ги дели само еден бод разлика. Баер во минатото коло даде два гола, но беше декласиран, додека Хофенхајм има четири победи по ред, а на три од нив и примаше гол. Ова се две од четирите најефикасни екипи во Германија, одбраните им се послаба страна и реално е двата тима да постигнат гол. Ова се тимови кои ретко играат нерешено и според формата, голема е веројатноста да биде и „гол-гол“ со три или повеќе голови.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.65)
1921 Јанг бојс – Базел (20.30 часот)
Базел има шест бода помалку од лидерот Цирих, па би можело да дојде на три бода негатива, но и Јанг бојс не е отпишан од трката за титула, има три бода помалку од Базел, кој во претходните две кола играше нерешено. Сепак, победа на Јанг бојс вечерва повеќе ќе му наштети на Базел отколку што ќе му помогне на самиот тим од Берн. Нападот е посилното оружје на Јанг бојс, додека Базел е тим со најмалку примени голови во швајцарската Суперлига. Традицијата е на страната на Јанг бојс, не загубиле од Базел на последните шест меѓусебни дуели во сите натпреварувања.
Предлог тип: 1 (1.58)
1008 Арсенал – Вест Хем (21.00 часот)
Топчиите и Чеканите се борат за место кое води во Европа, а ако победат домашните, тие ќе избијат пред градскиот конкурент на табелата во англиската Премиер лига. Арсенал има само две ремија сезонава, додека Вест хем има две нерешени игри во последните три кола, па веќе има сериозно заостанување зад водечката тројка, која се бори за титулата. Арсенал на свој терен е во одлична победничка серија, а последните четири победи дома им беа и без примен гол. Последната победа на Вест хем на гостување кај Арсенал беше пред шест години.
Предлог тип: 1 (2.10)