3004 Аталанта – Наполи (18 ч.)
Наполи ја игра најдобрата сезона во Серија А уште од времето на Диего Армандо Марадона, кога го донесе Скудетото во Неапол. Со 10 победи и две нерешени, Наполитанците имаат пет бода токму пред денешниот ривал, Аталанта.
Ефикасноста е адут на двата тима, а тоа се потврдува на меѓусебните дуели. Последните четири средби на овие екипи биле ГГ4+, а на осум од последните 10 меча било ГГ3+, па и сега не би требало да биде поинаку.
Предлог тип: ГГ3+ (1.97)
1954 Галатасарај – Бешикташ (18 ч.)
Истанбулските дерби-дуели се тешко предвидливи. Малку е чудно дека овие два тима ги нема во Топ 3 на табелата, па победата би била многу вредна кон приклучок кон екипите за највисок пласман.
За тоа колку се израмнети и непредвидливи, е и фактот дека на последните девет меѓусебни дуели, двата тима имаат по четири победи, а една средба завршила без победник. Затоа најсигурно е да се игра на голови во ова дерби.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)
1807 Вердер – Шалке 04 (18:30 ч.)
Вердер е екипа која дава, но и прима многу голови, што значи дека може да се очекува атрактивен дуел. Шалке и по смената на тренерот, продолжи да реди порази и сега има седум во низа. Токму оваа очајна форма на Шалке треба да биде главен адут на Вердер да постигне барем по еден погодок во двете полувремиња.
Предлог тип: T1 1+I& T1 1+II (2.40)
1305 Барселона – Алмерија (21 ч.)
Нема сомнеж дека Барселона ќе победи, посебно затоа што ова ќе биде последен дуел за Жарарт Пике. Еден од најпопуларните фудбалери на Барселона заминува во пензија, и тоа веднаш по овој дуел.
Алмерија е тим кој му „лежи“ на каталонскиот гигант затоа што фаворитот има 11 победи и едно реми во последните 12 меѓусебни дуели.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.26)
1538 Порто – Пасош де Фереира (19 ч.)
Порто на фантастичен начин како првопласиран во групата заврши во Лигата на шампионите, но кога се работи за домашното првенство, тука разочарува. Порто има осум бода помалку од Бенфика, па дуелот со последнопласираниот тим на табелата е во вистински момент.
На осум од последните 10 меѓусебни средби, Порто му дава барем по два гола на Пасош де Фереира, што е најава за ефикасна средба.
Предлог тип: 1&2-4 (1.78)