Голови ќе има на „Кинг Пауер“, Јувентус лесно ќе победи, Атлетико има тешка мисија

1010 Лестер – Тотенхем (21 ч.)

По една година отсуство, Лестер се врати во Премиер лигата. Кога Лестер игра против Тотенхем, головите треба да бидат во изобилие, барем ако се погледнат нивните пет последни дуели. Вкупно 28 гола на последните пет меѓусебни средби имало и секогаш било со ГГ4+.

Интересно е и тоа дека секогаш двата тима играат без многу калкулации, па на последните 13 нивни дуели немало нерешено (девет победи за Тотенхем и четири за Лестер).

Предлог тип: ГГ3+ (1.89)

 

3008 Јувентус – Комо (20:45 ч.)

Нема дилеми тука кој е фаворит. Јувентус и против многу посилни ривалски екипи на свој терен ќе биде во улога на фаворит, а не пак против екипа која повеќе од 20 години не била во елитното друштво. Комо заврши на второто место во Серија Б и како награда за добрата сезона сега ќе биде во Серија А.

Старата дама ќе се обиде уште во првото полувреме да ги израдува своите фанови и да им донесе мирен почеток на првенството.

Предлог тип: 1-1 (2.03)

 

1310 Вилјареал – Атлетико Мадрид (21:30 ч.)

Двете екипи имаа сосема различни резултати во подоготвителниот период. Вилјареал победи само еднаш во шест дуели, а Атлетико беше одличен, па може да се пофали дека го победи дури и Јувентус.

На пет од последните шест меѓусебни дуели било со ГГ3+, што е најава за нов интересен дуел со погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

1714 Мец – Бастија (20:45 ч.)

Мец е тимот кој минатата сезона испадна од Лига 1 и сега мора да биде дел од втората лига во Франција. На свој терен против тим кој е просечен за втора лига треба да се очекува фаворитот да биде домаќинот.

Интересна е традицијата кога играат овие два ривали, па на 11 од последните 12 пресметки, победата била за домаќинот.

Предлог тип: 1 (2.02)

 

1321 Елденсе – Тенерифе (20:30 ч.)

Минатата сезона овие две екипи завршија во втората половина на табелата во Сегунда дивисион во Шпанија. Пред неполни две недели играа во пријателски меч и Тенерифе победи со 3:1. И во ланската сезона Тенерифе победи на гости со 3:0, па и сега е во улога на фаворит за освојување на првите бодови во новата сезона.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.81)

- Оглас -

Најнови вести