Ефикасен фудбал играат 12-те репрезентации кои вечерва играат во квалификациите за Европското првенство. Најзадоволни после првите 45 минути може да бидат репрезентациите на Франција, Белгија и Португалија, кои имаат водства против стоите противници и доколку успеат да победат и на крајот, тоа би значело дека ќе и се придружат на домаќинот Германија како сигурни учесници на Европското првенство следната година.
Франција со погодокот на Килијан Мбапе од седмата минута има водство од 0-1 во Амстердам против Холандија.
Убедлива предност од 2-0 после првото полувреме има Португалија на домашен терен против Словачка. Гонсало Рамос во 18-тата минута го отвори резултатот, додека Кристијано Роналдо од пенал во 29-тата минута зголеми на 2-0.
Значајна предност која ја носи на Европското првенство има и Белгија, која со 0-1 води во Виена против Австрија. Единствениот погодок во првите 45 минути беше дело на Доди Лукибакио во 12-тата минута.
Резултати на полувреме:
Австрија – Белгија 0-1
Исланд – Луксембург 1-0
Ирска – Грција 0-2
Лихтенштајн – Босна и Херцеговина 0-2
Холандија – Франција 0-1
Португалија – Словачка 2-0