Голови треба да има на сите мечеви кои се играат вечерва во Лигата на нации

6109 Италија – Франција (20:45 ч.)

Дуел за првото место во групата, каде Италија е во предност затоа што има три бода повеќе, победи во Париз со 3:1 и сега игра на свој терен. Тоа значи дека Галските петли треба да бркаат победа од најмалку два гола разлика.

Затоа, гостите може да започнат офанзивно, но тоа ќе даде шанса на Аѕурите да покажат колку се опасни во нападот.

Предлог тип: ГГ3+ (2.65)

 

6110 Израел – Белгија (20:45 ч.)

На неутрален терен во Будимпешта, Израел мора да брка победа од три гола за да избегне испаѓање од А сегментот, што е малку веројатно. Белгија не може да стигне до второто место, па се очекува без многу притисок да покаже квалитетна игра. Во досегашните пет средби меѓу овие две селекции, Белгија секогаш победувала и тоа најчесто било на убедлив начин.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.72)

 

6119 Англија – Ирска (20:45 ч.)

За Англија нема друга опција освен победа на свој терен бидејќи така сигурно го обезбедува првото место и пласман во А сегментот. Ирска не може да мрдне од третото место, па гостите ќе бидат без притисок на „Вембли“.

Англија треба уште во првото полувреме да ги реши сите дилеми околу победникот и тоа во меч на кој ќе има повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.35)

 

6745 Норвешка – Казахстан (18 ч.)

Домаќинот не треба да има проблеми против овој ривал, кој во претходните пет кола нема постигнато ниту еден гол. Казахстан сепак успеа да одигра нерешено против Норвешка на свој терен, но сега е малку поинаку.

На полседните четири меча Норвешка одигра со многу голови на двете страни, па и сега може да се очекува да има возбудувања.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

6746 Австрија – Словенија (18 ч.)

Словенците беа разбиени на свој терен од Норвешка (пораз 1:4) и на тој начин ги загубија шансите да се борат за првото место во групата. Австрија со победа само ќе го потврди првото место на табелата што носи место во А сегментот.

Австрија има три победи и едно реми во пресметките со Словенија, а на три од тие дуели немало повеќе од два гола.

Предлог тип:0-1 I & 0-2 II (1.82)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести