Редовен играч на Sport Life од уплатното место „Чаршија“, кое се наоѓа во Старата скопска чаршија успеа со уплата од само 40 денари да си добие нето сума од 160.863 денари. На тикетот одигра само осум меча и сите во ист тип, домаќинот да постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот меч.
Сите натпревари се од репрезентациите, по четири од африканските и од јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026. Квотите се движат помеѓу 1.95 и 4.15, а вистинска драма се случуваше на два меча во Африка.
Тунис имаше водство од 2-0 против Либерија се до 94-тата минута, кога го постигнаа и третиот погодок, а во тие моменти Алжир водеше со 2-1 против Боцвана. Сепак, и Алжирците погодија и третпат и тоа во 96-тата минута.
За крај на тикетот останаа натпреварите од Јужна Америка, но таму фаворитите Колумбија, Аргентина, Уругвај и Бразил, лесно и брзо дојдоа до три гола, па го спасија играчот од Старата чаршија од дополнителни нервози и стресови.