Головите ќе бидат во изобилство на куп-натпреварите низ Европа

1361 Бетис – Рајо Валјекано (Копа дел Реј, Шпанија, 21:00 часот)

Бетис има предност од 2:1 по првата средба во рамките на полуфиналето од шпанскиот куп, а тимот на нашиот репрезентативец ќе се обиде да направи изненадување.

Но, тоа што може да се очекува од оваа средба, се головите бидејќи на последните пет меѓусебни средби и двата тима редовно постигнувале најмалку по еден гол. Бетис ја има благата фаворитска улога, но Рајо сезонава е едно од најпријатните изненадувања во Шпанија.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90)

 

2845 АЗ Алкмар – Ајакс (Куп на Холандија, 20:00 часот)

Во Холандија се игра само еден полуфинален натпревар во Купот, а на оваа средба Ајакс ја има фаворитската улога. Тимот од Амстердам има фантастична сезона и сè уште е во Лигата на шампионите, додека во првенството е прв кандидат за титулата.

Купот е на третото место според важност за великанот, но кога веќе се во полуфиналето, сигурно нема толку лесно да се откажат. Оваа година АЗ редовно игра на голем број голови, а така ќе биде и вечерва.

Предлог тип: ГГ&3+(1.96)

 

1107 Евертон – Борехам Вуд (ФА куп, Англија, 21:15 часот)

Пласманот на Евертон во четврт-финалето не би требало да биде доведено во прашње бидејќи петтолигашот нема квалитет за да му се спротивстави на тимот од Ливерпул.

Сепак, во ФА купот се случуваат чуда и токму во тоа е убавината, но ако Евертон не оствари победа, тоа ќе предизвика големи проблеми кои тимот и онака ги има.

Тимот е на 17-тото место само со еден бод повеќе од Барнли и 18-та позиција, која носи пад во Чемпионшип.

Предлог тип: 1&4-6 (2.35)

 

2437 Агреш Питешти – ФЦСБ (Лига 1, Романија, 20:00 часот)

ФЦСБ (Стеауа) со 59 бода е второпласирана во романската лига, а убедливо напред е Клуж, кој има 70 бодови.

Иако во Романија се игра плејоф по регуларниот дел од сезоната, на гостите ќе им биде потребно да соберат што повеќе поени за да се доближат до ривалот.

ФЦСБ две средби по ред не знае за победа, но и на домаќините потребни им се бодови со оглед на тоа дека и тие се борат за влез во разигрувањето, но квалитетот е на страната на гостите кои ќе дојдат до победата.

Предлог тип: 2 (1.97)

 

1924 Базел – Сент Гален (Супер лига, Швајцарија, 20:30 часот)

Базел последниве сезони е непрепознатлив и игра навистина лошо во првенството. Веќе неколку години на врвот напред е Јанг бојс, но оваа сезона по сè изгледа е Цирих, којшто има десет поени предност пред актуелниот првак.

Базел е третопласиран со 40 бода, односно три помалку зад споменатиот Јанг бојс и вечерва му треба е победа над Сент Гален за враќање на самодовербата и каква-таква шанса за враќање во трката за титулата.

Гостите доаѓаат без резултатски притисок бидејќи се наоѓаат безбедно на средината на табелата во Швајцарија.

Предлог тип: 1&3+ (2.60)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести