Головите на Барди се паметат – Клупска бронза за Енис во 2019 година

Енис Барди со победнички гол против Жирона му обезбеди опстанок на Леванте во Ла Лига минатата сезона, а токму тој погодок влезе во Топ 5 клупски голови на тимот од Валенсија за 2019 година.

Головите на македонскиот репрезентативец се паметат и секоја сезона Барди се наоѓа во некаков избор за најгол. Сега одлуката ја донесе „Ел Десмарке“.

Три гола во Топ 5 се на Рубен Рочина, првиот, вториот и петтиот, а на четвртата позиција е погодокот на Хозе Кампања против Леганес.

Барди и ланската сезона имаше прекрасни голови, едниот од нив против Атлетик Билбао беше во изборот на Ла Лига во Топ 10 убавци постигнати од слободен удар, а два такви влегоа во најдобрата десетка и во сезоната 2017/18.

- Оглас -

Најнови вести