Головите на Бензема најмногу вредат

Карим Бензема игра во топ-форма и со 10 гола е прв стрелец во шпанската Ла Лига, а има и најдобар ефект од сите играчи во една од најсилните лиги на светот.

Головите на поранешниот француски репрезентативец, кој сега аплицираше за настап во селекцијата на Република Ирска, му донесоа дури 21 бод на Реал Мадрид, односно го одлучуваа победникот и му носеа бодови на Кралскиот клуб.

Некако сè си оди по ред во Шпанија, па вториот стрелец Лионел Меси со 8 гола ѝ донесе на Барселона точно 20 бодови.

Бензема и Меси се во врвот и според бројот на асистенции и имаат пет, односно четири во досегашните 13 дуели што ги одиграа двата првопласирани состави со по 28 бодови.

- Оглас -

Најнови вести