Головите на Леао и фризурата на Тео Ернандес го кренаа „Сан Сиро“ на нозе (Видео)

Милан со победа од 2-0, со два гола на Рафаел Леао, ги израдува своите бројни фанови кои добро ги пополнија трибините на „Сан Сиро“.

Точно 72.614 фанови го следеа мечот, а беа во шок кога го видоа левиот бек Тео Ернандес со нов имиџ. И повредениот Оливие Жиру кој одмораше, не знаеше дека неговиот сонародник ја обоил косата во розева боја.

Леао е само втор Португалец после Кристијано Роналдо, кој две сезони по ред во Серија А постигнал двоцифрен број на голови.

Милан е петти на табелата, и има уште седум кола да обезбеди место во Лигата на шампионите, а секако тука е и потешката опција да станат европски шампиони и така да обезбедат место во европската елита за следната сезона.

Еве како реагираше Жиру кога ја виде косата на Тео:

https://twitter.com/i/status/1650164865410170882

- Оглас -

Најнови вести