Головите носат големи добивки во Sport Life (ФОТО)

Понекогаш не треба многу да се размислува што да се одигра за да имаш голема добивка. Таков е случајот со мајсторот од Кисела Вода 4, кој со 100 денари уплата, искомбинира 3 натпревари, а благодарение на големите квоти на Sport Life, тој си заработи малку повеќе од 125 илјади денари.

ДОБИТНО „ТРИО“ СО  ГОЛ-ГОЛ И 3+ ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Арсенал го одигра најдобриот меч сезонава и го победи Тотенхем со 3:1, откако по првиот дел беше 3:0, што беше добра најава за овој одличен тикет.

Потоа Рајо Валјекано со Столе Димитриевски прикажаа уште една квалитетна средба победувајќи го Кадис со ист резултат како и на првиот меч, но разликата е што по првите 45 минути, скорот беше 2:1 во корист на домаќините.

Добитното „трио“ го комплетираа Марсеј и Ленс, кои одиграа суперинтересен натпревар во францускиот шампионат. Уште во првото полувреме мајсторот за обложување се радуваше бидејќи беше 2:2, додека голот во вториот дел на гостите не му значеше ама баш ништо.

Овие три средби му донесоа добивка од 125 илјади и 875 денари.

ЧАИР ОТСЕКОГАШ ИМАЛ МАЈСТОРИ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ

Десет одиграни натпревари на мајстор од Чаир со уплата од 30 денари му донесоа убава добивка од 102 илјади и 273 денари. Најголемиот дел од мечевите му се победа на фаворитите но надвор од Топ 5 лигите.

Стеауа со водство на полувреме се радуваше на трите бода против Клинчиени, а исти игри имаше на трите средби од Шведска и Норвешка, кои без проблем си дојдоа.

„Најтесно“ беше на дуелот меѓу Лидс и Вест хем, каде што се бараше триумф на гостите и да има од два до пет погодоци. Тоа и испадна благодарение на голот на Михаил Антонио во 90-тата минута.

АНСУ ФАТИ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА РАДОСТ И ДОБИВКА

Погодокот на Ансу Фати во судиското продолжение донесе голема радост кај обложувач од Влае, кој си „ќари“ 127.207 денари со уплата за „стотка“. Младиот напаѓач погоди во 91-вата минута во победата на Барселона над Леванте за 3:0, и со тоа му донесе голема добивка на обложувачот од Влае, кој чекаше за победа на Барселона, проследена со три гола на мечот.

Идентично како и на претходниот, така и на овој тикет имаше натпревари од Скандинавија, додека, пак, победата на Галата дојде со пресврт, откако по првиот дел губеа од Ѓозтепе во турската лига.

Рајо Валјекано со Димитриевски беше повторно застапен, а беше одиграна истата комбинација како и за Барса.

 

СИСТЕМОТ КОЈ ПОБЕДУВА, НИКОГАШ НЕ СЕ МЕНУВА

Кога ќе го пронајдеш добитниот систем, тогаш нема промашување. Таква е и приказната со нашиот играч од Волково, кој со 400 денари, одигра систем 3/3, 4/5 и 3/4 и заработи одлични 186 илјади денари.

Сите натпревари испаднаа добитни, а мечот меѓу Парма и Пиза испадна откако беше уплатен во „живо“. Мајсторот типуваше дека Парма ќе победи во остаток на мечот при резултат 0:1 и си заокружи квота од 2.10.

Андерлехт успеа да се поврати откако на полувремето против Остенде губеше со 2:0 и имаше црвен картон. Сепак, со два погодоци во продолжението, типувачот го заокружи својот пар во „столбот“.

- Оглас -

Најнови вести