Петте меча во Квотите на денот се од натпреварите од Лигата на Европа и од Лигата на конференции, кои ако ги одиграте на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 38.73.
Првиот предлог е од мечот во Атина, каде што ќе се сретнат АЕК и Брајтон. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека премиерлигашот нема да загуби, а притоа двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.15.
Едно од дербијата на вечерта е тоа што ќе се игра во Бергано меѓу Аталанта и Спортинг Лисабон. Кога меѓу себе играат два тима чии амбиции се да се оди до самиот крај и мечот за титулата, тогаш најдобро е да се одигра на голови. Тука предлогот е да се одигра дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра е 2.00.
Лил е голем фаворит на гостувањето кај Олимпија Љубљана, а квалитетот треба да го покаже уште во првото полувреме. За играта Лил да слави и да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме, квотата изнесува 1.95.
Во дуелот на поранешните европски шампиони кои сезонава не играат според очекувањата, фаворит е францускиот Олимпик Марсеј. Олимпик на „Велодром“ го пречекува Ајакс и тука предлогот е да се одигра дека францускиот тим ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и барем два на целиот меч. Квотата за оваа игра е 2.10.
Астон вила игра неверојатно сезонава, се наоѓа на третото место на табелата во Премиер лигата, а одличната форма ќе ја демонстрира и во дуелот со Легија. Предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Астон вила, како и дека ќе има меѓу два и четири гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.20.