6018 Аталанта – Арсенал (21:00)
Аталанта и Арсенал никогаш претходно немаат одиграно меѓусебен натпревар, но и двете екипи негуваат отворен и офанзивен фудбал. Премиерлигашот е во мала фаворитска предност, а Аталанта е во серија од четири натпревари по ред кои завршувале со најмалку три гола. Дури 10 од последните 11 натпревари на коишто играла Аталанта завршувале со 3+ голови.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.40)
6015 Монако – Барселона (21:00)
Летово Барселона и Монако одиграа пријателски натпревар, кој изненадувачки заврши со победа од 0-3 на француската екипа, но Каталонците во Ла Лига покажаа квалитет и се лидери со максимален број бодови по пет кола. Од Барселона се очекува со добрите резултати да продолжи и во Лигата на шампионите, а сè освен победи со неколку гола во мрежата на Монако ќе биде големо изненадување.
Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3II (2.30)
6013 Феенорд – Баер Леверкузен (18:45)
Баер Леверкузен последен пат му гостуваше на Феенорд во далечната 1987 година, кога мечот заврши нерешено 2-2. Сепак, кога играат холандска и германска екипа, она што се очекува се голови, и тоа во двете мрежи. Последните шест натпревари на Феенорд завршија „гол-гол“, а кај Фармацевтите таков беше случајот на осум од последните девет натпревари.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.80)
6014 Црвена ѕвезда – Бенфика (18:45)
Црвена ѕвезда и Бенфика играа во почетната фаза од поранешниот Куп на шампиони, натпреварување кое е претходник на денешната Лига на шампиони, во далечната 1984 година. Тогаш во Белград победија домашните со 3-2, но тоа се некои други фудбалски времиња. Вечерва Бенфика е фаворит на „Маракана“, или „Рајко Митиќ“, како што е официјалното име на стадионот. Португалците со убедлива победа од 4-1 над Санта Клара пристигнаа во Белград, додека домашните беа неубедливи на последните натпревари на домашна сцена, иако забележаа победи над Напредак (2-0) и Раднички (1-0).
Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.77)
6017 Атлетико Мадрид – Лајпциг (21:00)
Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг, односно очекувањата се дека ќе има голови во двете мрежи. Јорганџиите на последниот првенствен натпревар ја победија Валенсија со 3-0, додека Лајпциг киксна против Унион Берлин на домашен терен. Овие две екипи имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар, во онаа ковид-сезона 2020-, кога нокаут-фазата се играше без реванши, а победи Лајпциг со 2-1 на домашен терен.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)