Головите се украс на финишот на сезоната

Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд (сабота, 15.30 часот)

Овде е јасно дека нема да има калкулации. Двете Борусии мора да победат, домаќините за четврто место што води во Лигата на шампионите, а гостинот да чека евентуален кикс на Баерн и да ја зграпчи титулата.

Затоа типувам на голови и на два плус во прво полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (1.87)

 

Мајнц – Хофенхајм (сабота, 15.30 часот)

Хофенхајм брка пласман во Европа, додека Мајнц ќе игра за престиж. Домаќините немаат никаков резултатски императив и кога е така, најчесто се игра напаѓачки. Ова е последен меч за Мајнц пред своја публика и играчите ќа сакаат да ги почестат навивачите со некој гол повеќе.

Хофенхајм е машина за голови сезонава, па очекувам често да се тресат мрежите и најмалку двапати во првото полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (1.70)

 

Корона – Горник Забже (сабота, 15.30 часот)

Двата тима обезбедија опстанок и затоа ќе играат отворено и со многу голови. И претходно традиционално во меѓусебните дуели на Корона и на Горник имаше многу голови, па нема причина и сега да не биде така.

Ова е финален меч во полскиот шампионат за двете екипи и, според мене, вреди да се проба со 2 + прво полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.55)

 

Сасуоло – Рома (сабота, 20.30 часот)

Во ова коло ќе се обидеме да одиграме на голови на сите пет пара. И тоа голови во првото полувреме.

И домаќинот и гостинот играат допадлив фудбал и верувам дека Рома ќе брка победа за да ги задржи минималните шанси за пробив на четвртата позиција што носи настап во Лигата на шампионите.

Сасуоло нема што да изгуби, имаше солидна сезона и опстанокот е обезбеден, па затоа очекувам голови уште во првото полувреме. На два од последните четири дуели меѓу Сасуоло и Рома веќе по првото полувреме имаше по два погодоци, па ќе типувам дека и сега ќе биде така.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.60)

 

Краковија – Погоњ (недела, 18 часот)

Домаќинот веќе обезбеди пласман во Лигата на Европа затоа што Лехија Гдањск го освои Полскиот куп, па Краковија без разлика дали ќе биде четврта или петта, секако ќе игра во Европа.

Гостинот доаѓа да се надигрува, со победа може да го избегне последното место во плејофот и затоа очекувам многу голови. И тука за да биде комплетно, ќе типувам два плус во прво полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести