1801 Ајнтрахт – Вердер (20.30 часот)
Ова е прв натпревар од 28-мото коло во Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт се наоѓа на шестото место на табелата кое носи пласман во европските купови, додека Вердер е десетти и речиси нема никакви шанси да игра во Европа следната сезона. Ајнтрахт е во подобра форма, има две победи и по едно реми и пораз на последните четири меча, додека Вердер забележа четири порази. На последните 14 меѓусебни натпревари се постигнати барем два гола, а најчесто завршувало ГГ 3+.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)
3001 Салернитана – Сасуоло (20.45 часот)
Ова е натпревар помеѓу двете најслаби екипи во Серија А, Салернитана е последна само со 14 бода и повеќе ѝ нема спас, додека Сасуоло е 19-ти со 24 бода, само еден помалку од безбедната зона. Салернитана во 2024 година е без победа во Серија А, има дури 10 порази и само две ремија, а последен пат се радуваше на триумф на 30 декември (1:0 против Верона). Иако бележат порази, нивните натревари се ефикасни, а покрај тоа, на четирите последни меѓусебни дуели беа постигнати вкупно 16 гола (2:2,3:0,0:5,2:2).
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.08)
5261 Дамак – Ал-Наср (21.00 часот)
На последните два натпревари Ал-Наср даде дури 13 гола (5:1 и 8:0) и е голем фаворит да оствари уште еден убедлив триумф. Кристијано Роналдо беше одличен на овие мечеви, оствари два хет-трика и сигурно е дека вечерва ќе претставува најголема опасност за Дамак. Единствена дилема на овој натпревар би требало да претставува дали Роналдо и на трет меч по ред ќе оствари хет-трик.
Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.05)
1901 Лил – Олимпик Марсеј (21.00 часот)
Ова е дерби на колото во Лига 1 бидејќи играат четвртиот и седмиот тим на табелата. Лил се бори за директен пласман во Лигата на шампионите, додека Олимпик Марсеј брка пласман во европските купови.
Лил нема пораз во последните четири кола, (има по две победи и ремија), додека
Олимпик Марсеј е поразен во последните две кола, но за негова среќа, загуби и Ланс, кој има три бода повеќе. Лил е тимот кој ја има третата најдобра одбрана (39:24), додека Марсеј има просек од малку повеќе од еден даден и примен гол (40:30). Лил на последните три меѓусебни натпревари кои ги играше на домашен терен победил, но немало повеќе од три гола (2:1,2:0,2:0).
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.05)
3141 Рудеш – Осиек (16.30 часот)
Рудеш убедливо е најслаба екипа во хрватскиот шампионат само со една победа и седум освоени бода во 28 кола. Осиек пак нема шанси за пласман во европските купови, има 39 бода, дури 16 помалку од третопласираниот Хајдук Сплит, но сепак е голем фаворит на денешниот дуел. И традицијата е апсолутно на страната на Осиек, кој победи на последните осум меѓусебни дуели, а притоа Рудеш има постигнато само три гола.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.20)