Гонзо му даде гол на Бербатов, Бугарите имаат нов претседател на фудбалската федерација

Легендата на Левски и на бугарскиот фудбал, Георги Иванов, познат под прекарот Гонзо, е нов претседател на Фудбалскиот сојуз на нашиот источен сосед.

Иванов имаше повеќе гласови од една друга легенда, Димитар Бербатов. Иванов доби 235, а Бербатов 181 гласови.

Бербатов, Стилијан Петров и Мартин Петров му честитаа на Гонзо, и ја напуштија салата, одбија да бидат во Извршниот одбор, иако Иванов им понуди едно место.

„Сега почнува тешкото. Им благодарам на тие кои гласаа за мене и на кои не гласаа за мене. Јас сум преставник на сите. Вие сте луѓето кои ќе ми кажете кога нештата нема да бидат добри. Ветувам чесност и работа. Ќе работиме со децата и се надевам во 2026 година да играме на Светското првенство во САД“, беа првите зборови на Гонзо откако стана победник на Конгресот на БФС.

- Оглас -

Најнови вести