Легендата на Левски и на бугарскиот фудбал, а во моментов еден од раководителите на Бугарската фудбалска федерација, Георги Иванов, вели дека на мечот Бугарија – Македонија спортот треба да ја победи политиката.
Популарниот Гонзо верува дека Бугарија може да ја победи Македонија.
„Влогот е голем, сакаме да се пласираме на прво место во групата. Имаме подмладен тим кој е составен од квалитетни играчи и амбиција ни е да победиме. Спортот не треба да прави политички проблеми меѓу Бугарија и Македонија бидејќи спортот секогаш треба да носи мир и задоволство кај луѓето. Сметам дека организацијата која ја направивме заедно со домаќините од Разград ќе направи средбата да мине без ексцеси – изјави некогашниот голгетер Иванов.