Горан Пандев дел од светската елита на спектаклот во Букурешт (Фото)

Најдобриот македонски фудбалер во 21-виот век, Горан Пандев, ќе биде дел од селекцијата на светските ѕвезди на ревијалниот натпревар во Букурешт против златната генерација на Романија, која дојде до четвртфиналето на Светското првенство во 1994-тата година во САД.

Горан Пандев ќе биде во друштво на голманот Дида, потоа легендите Панучи, Коуто, Кандела, Литманен, Ривалдо, Карембу, Стоичков, Савиола … додека за Романија ќе настапат Попеску, Петреску, Димитреску, Мунтеану, Лупеску, Лакатуш …

Натпреварот се игра утре на Националната арена во Букурешт, местото каде Македонија дебитираше на Европското првенство пред три години.

- Оглас -

Најнови вести