Кога Горан Пандев е на теренот, Џенова игра подобро и има плус од 1,56 рејтинг-поени, што го става капитенот на македонската репрезентација на врвот во Серија А.
Пандев, според истражувањата на фудбалската опсерваторија CIES, заедно со соиграчот Николас Споли имаат најголем позитивен ефект и влијание на играта на тим во Калчото.
Кога тие двајца се во игра Џенова освојува повеќе бодови, а така е и со Јосип Иличиќ. Тој има плус 1,50 рејтинг-поени кога игра за Аталанта.
Зад ова трио, според анализата на CIES, се Дош Сантош Валас од Лацио, Ел Шарави и Најнголан од Рома, Хилјемарк од Џенова, Кутроне од Милан, Бехрами, кој игра за Удинезе, и Иван Проведел од Емполи, голман кој ја заокружува топ 10 листата со играчи со најголемо позитивно влијание во играта на тимот во Серија А.