Горан Пандев како да е момче, повторно истрча 10 километри

Горан Пандев го одигра можеби претпоследниот меч во кариерата, ако се знае дека Македонија нема шанси за влез во следната фаза, па дуелот против Холандија може да биде последен за него во репрезентативнито дрес. Капитенот кој треба да го прослави 38 роденден, покажа дека уште е вистински лидер на тимот.

Благодарение на пеналот кој Пандев го изнуди Македонија го даде единствениот гол против Украина. Според статистиката на УЕФА по мечот, Пандев истрча речиси 10 километри или поточно 9.82 км. Само Елмас со истрчани 10.39 километри и Ристовски со 10.10 км имаат истрчано повеќе од Пандев во нашата репрезентација.

Кај Украинците, тројца фудбалери истрчаа над 10 километри на денешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести