Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1-3, шефот на стручниот штаб на Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници ја презедоа одговорноста за двата последовни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагодарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.
„Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овојпат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати“, изјави Горан Петрески.
Во претстојната репрезентативна пауза, Вардар повторно ќе има задача да бара ново решение за тренерската позиција.