Горан Станиќ продолжува како селектор на Македонија У21, Работнички му се заблагодари за успехот

Македонскиот прволигаш Работнички официјално ја потврди разделбата со досегашниот предводник на тимот, Горан Станиќ. Клубот од Дебар Маало му се заблагодари на Станиќ за успешната сезона, во која тимот по пауза од седум години избори пласман на европската сцена.

Натпреварот против Брера во последното коло од сезоната беше и последен на клупата за Станиќ, кој од сега натаму ќе се посвети исклучиво на селекторската функција во младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Работнички претставуваше значајна етапа во тренерската кариера на Станиќ, кој претходно работеше со младите селекции до 17, 18 и 19 години.

- Оглас -

Најнови вести