Горанецот двоен стрелец за Луксембург, и Црногорците лесно победија (Видео)

Црна Гора го победи Азербејџан со 2-0, а со истиот резултат Луксембург триумфираше против Кипар. За Луксембург кој двата гола ги постигна во првото полувреме, двоен стрелец беше Данел Синани, играч роден во Белград, а потекнува од областа Гора во Косово каде има и доста Македонци.

Во Подгорица, Стеван Јоветиќ во 9 минута ја најави победата на Црногорците, а конечните 2-0 ги постави Игор Ивановиќ, во 72-ра минута, само 20 секунди после неговото влегување во игра.

После три кола во групата 1 од Лига Ц, Црна Гора има 9 бода, Луксембург 6, Азербејџан 3, а Кипраните уште немаат бод.

Ова е голот кој ја запечати судбината на Азербејџанците:

https://streamable.com/n5i0it

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести