Горазд Михаилов е нов тренер на прволигашот Брера Струмица. Овој 50-годишен тренер на клупата на Брера седнува на местото на српскиот стратег Бојан Круљ, со кого клубот се раздели завчера.
Михаилов денеска го презеде тимот. Со играчите имаше состанок, а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар „Пандев“. Михаилов беше тренер на скопски Вардар, но во средината на август, по победата над Пелистер, си поднесе оставка.
Михаилов ѝ е добро познат на македонската фудбалска јавност и како играч и како тренер. Во својата тренерска кариера ги има водено и Силекс, Борец Велес, Тетекс, Напредок, Пелистер и Охрид, а извесен период беше и во Приједор во Босна и Херцеговина.