Горазд Михајлов: Сите знаеме кој е Вардар, со уште седум-осум засилувања ќе бидеме „топ“

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги почна подготовките за новата сезона. Тренерот Горазд Михајлов ги поведе фудбалерите на првиот тренинг во базата во Хиподром.

Ново име меѓу Вардарци засега е повратникот Филип Најдовски, а шефот на стручниот штаб вели дека раководството е во преговори со уште седум-осум фудбалери кои треба да пристигнат наредните денови.

„Оптимистички секогаш гледам на новиот старт, сите знаеме што претставува Вардар. Голема благодарност до Комитите и сите кои помогнаа во тешките моменти. Точно е дека доцниме со подготовки, но ќе работиме да стигнеме на посакуваното ниво. Сега имаме едно ново засилување, има преговори за повеќе засилувања но да не шпекулираме додека не се завршат сите работи. Со седум-осум нови играчи, треба тимот да биде како што треба, да имаме конкуренција на сите позиции. Сега ќе тренираме во нашата база, а планот е подготовките да ги продолжиме во странство. Се надевам дека во новата сезона Вардар ќе да има значајна улога во првенството“, изјави Горазд Михајлов на денешниот прв тренинг на тимот.

Првиот дел од подготовките Вардар ќе го реализира во својата база во Хиподром, а потоа ќе замине во странство каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести