Ѓорче Петров дојде до јубилејната 20-та титула, трета по ред во „новата ера“ на клубот (Фото)

Ракометарките на Ѓорче Петров денес и официјално беа крунисани во старо-нови шампионки на Македонија. За клубот ова е трета титула по ред, но 20-та во историјата ако се сметаат и титулите на Кометал ЃП, чија традиција и историја и официјално ја добија од Трифун Костовски, поранешниот сопственик на некогашниот европски шампион.

Ѓорчепетровки до титулата дојдоа на убедлив начин со 24 победи и само едно реми против Металург, а последниот првенствен натпревар ќе го одиграат утре во 12 часот против Вардар.

- Оглас -

Најнови вести