Македонија Ѓорче Петров ја оствари првата победа во новата сезона од домашниот шампионат, со сигурни 4-1 на домашен терен беше надиграна Победа. Лавовите го преболија поразот од шампионот Шкупи во првото коло, кон обезбедување на трите бода завршија поголем дел од работата уште во првото полувреме.
Емини како двоен стрелец во шестата и 38-та минута погодуваше домаќините, во меѓувреме и Стојкоски се запиша во листата стрелци, додека претходно Мазари израмни на 1-1 во 17-тата минута, пред фуриозниот период на Ѓорче Петровци.
Мена во 79-тата минута го постави конечниот резултат, па Лавовите по две кола остварија учинок од по еден триумф и пораз, додека Победа уште нема освоено бодови.