На второлигашките терени се одиграа неколку интересни натпревари на кои имаше и неочекувани резултати, а особено емотивно беше во Кочани каде за првпат по трагедијата во дискотеката „Пулс“ се одигра фудбалски меч и во 59-та минута средбата (како и сите други) запре за да почне едноминутен аплауз.
Домашниот Осогово успеа да освои голем бод против Македонија Ѓорче Петров кој е лидер на табелата. Мечот заврши 0-0, исто како и тој во Прилеп на кој Победа го запре второпласираниот Башкими.
Гостинска победа извојува Брегалница над Кожуф од 2-0, а Арсими водеше 2-1 против Вардарски, но мечот беше прекинат на полувреме поради многу вода на теренот.