Ѓорческа триумфираше со пресврт на стартот од ИТФ-турнирот во Москва

Лина Ѓорческа се пласира во второто коло на ИТФ-турнирот во Москва откако со пресврт славеше победа против Лусија Бронзети со 2-1 во сетови (5-7, 6-4, 6-4).

Нашата најдобра тенисерка го загуби првиот сет откако Италијанката направи брејк за водство од 6-5 во гемови. Сепак, Ѓорческа најде сили да одговори на предизвикот, по што следните два сета ги доби со 6-4, 6-4 за пласман во осминафиналето на турнирот.

Во следното коло Ѓорческа ќе се сретне со Русинката Анастасија Захарова, која е шести носител на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести