Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на ИТФ турнирот во Севилја со награден фонд од 25 илјади долари, откако претрпе пораз со 1:2 од Русинката Елина Аванесјан.
Почетокот и крајот на мечот беа лоши за нашата најдобра тенисерка, која не успеа да го направи претпоследниот чекор кон титулата во Шпанија.
Аванесјан поведе со 1:0 во сетови на убедлив начин со 6:2 во гемови, а Ѓорческа возврати со иста мерка во вториот сет што го доби со 6:2 и израмни на 1:1.
Сепак финишот и припадна на нејзината противничка која го доби решавачкиот сет со 6:3 и ќе игра во финалето во меч за титулата против првата носителка на турнирот, Дајана Пери од Франција.