Лина Ѓорческа се прости од натпреварите на ИТФ-турнирот во Подгорица по поразот од првата носителка Барбара Хас.
Македонската тенисерка успеа да го добие првиот сет во тај-брејк со 7:4 во поени, но потоа не успеа да го комплетира мечот во своја корист и ги загуби следните два сета. Хас, која е топ-фаворитка на турниро,т го доби мечот со 6:7(4), 6:4, 6:2 и ќе игра во осминафиналето.
Во првото коло Ѓорческа ја победи Хрватката Леа Бошковиќ со 7:6(3), 6:1, но не успеа против денешната противничка од Австрија.