Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, дојде до нов голем успех, откако го освои турнирот во Куршумлиска бања, Србија. Нашата тенисерка во финалето славеше над грчката тенисерка, Марта Матула, со 2-1.
Ѓорческа го загуби првиот сет со 6-2, но во вториот одигра фуриозно и со максимални 6-0 дојде до 1-1 во сетови. Во последниот сет, македонската тенисерка после голема борба со 6-4 дојде до победата.
Македонката на турнирот пристигна како втора носителка, но со пет победи на исто толку натпревари убедливо дојде до трофејот.