Горчлива победа на Лестер – Се повреди Варди

Лестер го декласира Вест хем со 4:1, но сенка на убедливата победа фрли повредата на капитенот и најдобар стрелец на тимот, Џејми Варди.

Првиот стрелец во Премиер лигата со 17 гола се повреди во финишот на првото полувреме и беше заменет со Ихеаначо, а Лисиците и без Варди играа одлично и победија со 4:1. Головите за домаќините ги постигнаа Барнс, Переира и Перес два, а стрелец за Вест хем беше Нобл.

Очекувана победа забалежа и Тотенхем против Норвич, иако потешко од очекувањата. Избраниците на Жозе Мурињо славеа со 2:1 против последнопласираната екипа во Лигата.

Деле Али и Хјонг-Мин Сон постигнаа по еден гол, а Пуки беше стрелец за популарните Канаринци. Лестер се задржа на третата позиција со 48 бода, Тотенхем е шести со 34, а Норвич и Вест хем останаа во долниот дел на табелата со 17, односно 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести