Гордана Нацева амбасадор на ЕП за жени, в сабота контрола со Норвешка, влезот слободен

Ракометната федерација на Македонија ја промовира Гордана Нацева во амбасадор на женското ЕХФ ЕВРО 2022 кое ќе се игра во ноември, а на кое Македонија е домаќин заедно со Словенија и Црна Гора.

По 14 години, Македонија повторно е организатор на ваков голем ракометен настан, овојпат средбите ќе се играат само во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.

Македонската женската репрезентација во рамки на EHF подготвителната недела за претстојното Европско првенство ќе одигра два пријателски контролни натпревари со Норвешка.

Првиот е вечерва и ќе биде тренинг-натпревар од затворен карактер без присуство на јавност, а натпреварот закажан за 1 октомври (сабота) со почеток во 16 часот, кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, ќе биде отворен за сите љубители на ракометот. Влезот е слободен.

 

- Оглас -

Најнови вести