Гордиот Албион конечно освои титула – Англичанките ја победија Германија во најгледаниот меч во историјата на ЕП (Видео)

Женската репрезентација на Англија за првпат стана европски првак по драматичната победа од 2:1 против Германија по продолженија.

Во најпосетеното финале на Европските првенства и во машка и во женска конкуренција, со присутво на 87.182 гледачи на „Вембли“ во Лондон, мечот за титулата го реши Клои Кели со победнички гол во 111. минута.

Голот на Кели можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно во регуларниот дел прва погоди Ела Ен Тун во 62. минута со што ги казни големите утки на Германките, но сепак Лина Магул израмни на 1:1 во 79. минута.

Германките не успеаја да ја освојат деветтата титула на 14-то Европско првенство, но остануваат убедливи рекордерки со 8 шампионски круни.

Англија за првпат е европски првак.

- Оглас -

Најнови вести