Голманот на Селтик, Крег Гордон, успеа да го ископира легендарниот кикс на Лорис Кариус од финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид и му подари гол на Фредрик Гулбрандсен.
Напаѓачот на Салцбург рутински си го искористи подарокот од Гордон и само по четири минути откако влезе во игра, си постигна лесен погодок.
За среќа, на Гордон копијата на киксот на Кариус не беше кобна за Селтик, па Шкотите, најмногу благодарение на Розенборг, се пласираа во следната фаза во Лигата на Европа.
За жал на Кариус, тој како голман на Ливерпул беше главниот виновник за неуспехот на Англичаните во финалето во Лигата на шампионите во Киев годинава. Првата кардинална грешка му беше кога го погоди во нога Карим Бензема, па францускиот репрезентативец постигна гол, многу сличен на вчерашниот на Гулбрандсен, а потоа и Герет Бејл ја искористи мизерната вечер на Кариус, кој направи уште еден кикс во поразот на Ливерпул од Реал со 1-3.