Хјустон рокитс го изненади фаворизираниот Лос Анџелес лејкерс и победи со 139:130 по едно продолжение и ја продлабочи кризата кај популарните Езерџии, чиј настап во плејофот станува неизвесен.
Ракетите го декласираа 17-кратниот првак и најтрофеен клуб во НБА со Бостон селтикс со серија од 13:0 во дополнителните пет минути, а почетокот на мечот беше тежок за главната ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс.
Го посрамоти Ерик Гордон со финта по која Кралот на кошарката не знаеше каде се наоѓа, па направи чудна пируета во немоќ.
Гордон погоди тројка, а потегот на кошаркарот на Хјустон и реакцијата на Џејмс се хит на социјалните мрежи.
https://twitter.com/arenasport_tv/status/1501860618139279367?s=20&t=RfxDr5WSKbUu-2KzrY4ntg