Гореше во буквална смисла дербито на Холандија кое со пресврт му припадна на Ајакс (ВИДЕО)

Ајакс со пресврт го победи големиот ривал Феенорд со 3:2 и оствари голем чекор напред кон одбрана на титулата во Холандија.

Во големото дерби од 27-то коло на Ередевизе, актуелниот првак на „Јохан Кројф“ арената се радуваше на трите бода, откако претходно на трибининте „гореше“ и тоа во буквална смисла.

А причината за тоа е палењето на едно од најголемите знамиња на стадионот, кое е посветено за навивач кој што починал во 1997 година.

Сепак, тоа како да им даде мотив плус на домаќините кои најпрвин губеа со голот на Луис Синстра во 8-та минута, за потоа да следи израмнување преку Себастијан Але (24′), додека за 1:2 погоди Гас Тил.

Тој резултат беше на семафорот до 78-та минута, кога Душан Тадиќ израмни на 2:2, а пресвртот го комплетираше Ентони во 86-та минута, а истиот играч само неколку мигови подоцна доби и црвен картон.

Ајакс сега има 66 бода, два повеќе од ПСВ додека Феенорд е третопласиран со 55 бода.

- Оглас -

Најнови вести