Горецка како Алаба, бара богатство од Баерн, а гигант од Премиер лигата е спремен да го „украде“

Леон Горецка влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а како што известуваат германските медиуми, тој бара богатство за да ја продолжи соработката со Баварците. Слично како во сценариото со Давид Алаба, и Горецка бара 20 милиони евра годишна плата за да остане на „Алијанц арената“, сума која германскиот првак речиси сигурно нема да ја издвои.

Доколку не ги намали очекувањата, Горецка ќе го одработи договорот до крај и следното лето може без отштета да потпише за друг клуб, како што го направи тоа пред неколку години, кога го напушти Шалке и се пресели во Минхен. За него веќе се појави интерес од Премиер лигата, а наводно Манчестер јунајтед е подготвен да ги исполни неговите барања и да му даде 20 милиони евра годишна плата доколку Горецка прифати да заигра на Островот.

- Оглас -

Најнови вести