Горецка: Македонија е добар тим, треба прво да ги заморите, па да ги победите

Германците беа задоволни што победија во Скопје и што станаа првата репрезентација која преку квалификации се пласираше на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Катар. Нив им одговараше и победата на Романија над Ерменија, па и теоретски го запечатија првото место во групата Ј, а ги оставија Романија, Македонија и Ерменија во последните две рунди да се борат за второто место, кое води во баражот.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Македонија е добар тим, но за да ги надиграш и да им даваш голови, треба прво да ги замориш. Ние успеавме во тоа во второто полувреме“, рече Горецка.

Тимо Вернер беше двоен стрелец, даде два убави гола со кои го скрши отпорот на македонскиот тим.

„Секогаш е тешко на почетокот против вакви тимови. Добро е што не примивме гол при 0-0. Игравме добро, се знаеше дека ако играме вака 90 минути, само прашање на време е кога ќе постигнеме голови“, изјави Вернер.

- Оглас -

Најнови вести