Никола Ѓорѓев го постигна првиот гол за Грасхоперс во новата сезона, а беше стрелец на третиот гол во победата од 5:0 против нисколигашот Виднау.
Популарните Скакулци рутински испукаа петарда во мрежата на аутсајдерот, а и Ѓорѓев ја отвори „сметката“ за голови во новата сезона.
Во последните две изданија во настапите во Втората лига за најтрофејниот клуб во Швајцарија Ѓорѓев постигнуваше по 7 гола. Лани беше и меѓу најдобрите асистенти во Втората лига и меѓу најзаслужните за кам-бекот на легендарнито швајцарски клуб во елитното друштво.
Ѓорѓев беше член на младинската репрезентација на Македонија до 21 година што имаше историски настап на големо натпреварување, на ЕП во Полска во 2017 година и беше стрелец на еден гол на шампионатот.
Сега селектор на А репрезентацијата на Македонија е Благоја Милевски, кој ги предводеше младинците на ЕП во Полска, па Ѓорѓев се надева дека може да конкурира за место во наципналнито состав за продолжението во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар идната година.