Ѓорѓев како да игра во НХЛ, се проби во Топ-10 со нов гол, бие битка и за најдобар асистент

Никола Ѓорѓев игра фенеоменален фудбал сезонава за Грасхопрес, очекува промоција со најтрофејниот клуб во Првата швајцарска лига, а ќе биде меѓу најзаслужните за успехот што е на прагот.

Македонскиот напаѓач и член на златната генерација младинци од ЕП во Полска беше стрелец на вториот гол за популарните Скакулци во победата против Шафхаузен со 2:0 на гости и сега има по 7 гола и асистенции сезонава.

Никола е во Топ-10 на листата со најдобри стрелци и е втор голгетер на Грасхоперс заедно со Да Силва, но и убедливо најдобар асистент на клубот рекордер со 27 титули.

Моментно е на четвртото место на листата со најдобри додавачи во Втората лига со 7 асистенции. Грасхоперс на 8 кола до крајот на шампионатот е лидер со 54 бода, четири повеќе од Тун.

Во елитен ранг на натпревари директно ќе се пресели само првопласираниот тим, а вториот ќе игра бараж.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести