9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Ѓорѓев со нов гол го најави пресвртот на Грасхоперс

Никола Ѓорѓев со својот петти овосезонски погодок во Втората швајцарска лига го најави пресвртот на Грасхоперс од 3-2 на гостувањето кај Винтертур.

Македонскиот интернационалец израмни на 2-2 во 47-мата минута, по што гостите веруваа дека може да ги освојат трите бода бидејќи домаќините беа хендикепирани по црвениот картон на Бак.

Благодарение на Ѓорѓев, а и на Демхасај, кој ги постави конечните 3-2 во 84-тата минута, Грасхоперс остана во игра за првото место на табелата, на кое засега стои Тун со еден бод (37) повеќе, кое води директно во елитата на швајцарскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести