Ѓорѓев: Среќен сум што повторно сум дел од селекцијата А

Македонската фудбалска селекција денес го одржа подготвителниот тренинг во пресрет на гостувањето во Виена, каде што избраниците на Игор Ангеловски ќе ги одмерат силите против Австрија. За последниот квалифициски циклус селекторот Ангеловски го повика офанзивецот Никола Ѓорѓев, членот на швајцарскиот второлигаш Грасхоперс. Ѓорѓев по пауза од две години, повторно е дел од селекцијата А и е многу среќен што добива нова прилика да се докаже.

„Среќен сум и горд што повторно сум дел од репрезентацијата. Немав доволно минутажа речиси две години, така што мило ми е што добивам нова шанса. Моментално сум во добра форма, се чувствувам подготвен да одговорам на секој предизвик. Немам никакви очекувања, се фокусирам да дадам максимум во овие подготовки, а селекторот ќе одлучи дали заслужувам да играм или не. Пред нас е тешко гостување, се соочуваме против квалитетната Австрија, но мора да покажеме храброст. Во нашиот тим има еднакво квалитетни индивидуалци кои може да ја направат разликата. Ако играме трпеливо и ги искористиме нашите шанси, можеме да дојдеме до добар резултат“, истакна Ѓорѓев.

Во составот на Македонија за последните дуели против Австрија и Израел се најде и 19-годишниот дефанзивец на Вардар, Марио Младеновски. Младиот стопер вторпат е повикан во сениорската репрезнтација, но и натаму го чека своето деби, па се надева дека ќе добие шанса да искуси како е да се носи црвено-жолтиот дрес.

„Максимално сме мотивирани да издвоиме добри резултати и во двата меча. Знаеме дека нè очекуваат тешки предизвици, против нас ќе има искусни и квалитетни индивидуалци. Би ми било чест да добијам шанса да се докажам барем на еден од тие натпревари. Да се игра пред полни трибини за еден млад играч како мене е остварување на сонот, чувството е прекрасно да се биде дел од еден голем спректакл, како што беше во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести