Легендата на српската и светската кошарка, Александар Ѓорѓевиќ, се огласи на социјалните мрежи и побара од двете екипи разум и одложување на натпреварот поради масакрот кој се случи вчера во Белград.
„Шок и неверување поради масакрот во белградското училиште. Сочуство до семејствата на настраданите. Моја Србијо, мој Белграде, мои Партизан и Реал Мадрид, реагирајте на вистински и човечки начин и одложете го натпреварот. Кому му е сега до песна, радост и навивање по ваква трагедија?“, се вели во статусот на Ѓорѓевиќ.
https://twitter.com/CoachDjordjevic/status/1653756080177000449?s=20
Ова не е единствен апел да се одложи натпреварот, сепак дуелот вечерва во 20:30 часот ќе се одигра и ќе започне со една минута молчење, а навивачите на Партизан ќе имаат и специјална кореографија.